ŷ

ŷ helps you follow your favorite authors. Be the first to learn about new releases!
Start by following Петре М. Андреевски.

Петре М. Андреевски Петре М. Андреевски > Quotes

 

 (?)
Quotes are added by the ŷ community and are not verified by ŷ.
Showing 61-90 of 159
“Најбогата слободата е во срцето на робот.”
Петре М. Андреевски, Дални наковални
“Животот е една една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчам. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот гаѕер. Кај што ќе заврши и нашето тркалање. Нашето постојано паѓање.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Можеби затоа излегува дека една иста вистина многупати може да биде само превртена лага.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Прегратката и бакнежот не ја кажуваат ни половината од мојата љубов.”
Петре М. Андреевски, Пофалби и поплаки
“Не е разликата во зборовите, вели Витомир пувкајќи со цигарата, туку во луѓето што ги кажуваат тие зборови.�

„Луѓет� се исти�, велам јас, „ам� умот не е ист во луѓето.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Оти познавам луѓе што се среќни само со туѓата несреќа. И среќни се кога стравот што го гледаат е подалеку од нив. И кога куќата што гори, не е нивна. И кога ампутираните раце и нозе, не се нивни. И солзите на уплаканите, пак не се нивни.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Многу луѓе загинаа, а не знам зошто загинаа. Ама времето е такво. Секој си вели: оти јас да умрам, нека умре оној што сака јас да умрам. Ако беше убава смртта и господ ќе умреше. Или и тој умира со луѓето, со секој човек?”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Зашто среќата и несреќата се на мало растојание и постојано се бркаат меѓу себе. Како мракот и светлината што се бркаат. Само што не знаеш кога бега едната, а кога - другата. Како што не знаеш и кога ти е поисполнет животот. Во која од тие две спротиставени крајности? Многупати се случува да сретнеш нов човек, а да ги направиш старите грешки. И без да се сетиш дека тие биле грешки, а ти грешен човек. Но, љубовта не признава правила. Не се врзува само за едно време и само за еден човек. И не се исполнува само низ телесните задоволства. Таа почнува многу од подалеку. Уште во размената на првиот прелажан поглед и во размената на првите зборови. И кога ќе почнеш да веруваш дека сè е поблиску до тебе.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Во војно време, велам, сите луѓе се лоши. Само на крв рикаат..”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“„Некога� барем се знаеше: едни ти пцујат „мајк� бугарашку", други ти ја пцујат „мамкат� србоманска", а ти не им се лутиш. Си велиш: Само не пцујте ми ја мајката македонска,а со туѓите мајки што сакате правете.”
Петре М. Андреевски, Последните селани
“Јас му бев лош другар и учител на срцето и тоа се вљубуваше многу повеќе отколку што можеше да издржи.”
Петре М. Андреевски, Пофалби и поплаки
tags: love
“Покрај болката од чедото, мајката ја заборава својата болка.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Добро, бре, Витомире, му велам, може ли коњот да биде вол само со тоа што ќе му го смениш името, како мене што ми го сменија презимето. Ајде кажи, ако си човек, му велам.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Но вината е секогаш кај жената. Како да постои некое правило: колку смее таа да сака. И, ако нејзината љубов е над тоа, ќе ја прогласат за никаквица, за пачавра и развратница, за ороспија и блудница... Или уште полошо. Никој нема да рече: О, колку несреќна жена!”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Си велам: ние сите се разликуваме меѓу себе. Но, можеби разликите нè прават еднакви. И да имаме потребна едни од други. Барем колку да ги спорелиме токму тие разлики.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Но што да се прави кога луѓето сакаат да слушаат, да се лажат со нешто. И тие слушаат па макар да бидат излажани и од сопствената глупост.”
Петре М. Андреевски, Последните селани
“Секој човек си го планира некако животот. Но, никој не знае кај згрешил кога ги повлекувал правите и кривите линии, допирните точки, острината на англите. Не може ни со сигурност да си објасни кај му измрдала либелата. Можеби еден ден ќе го открие тоа, но ќе го открие кога не ќе може ништо да измени. Вистина, има и такви чудаци што веруваат во некаква своја видовитост или претсказание што го одредува нивниот живот. И животот си го гледаат од почетокот до крајот. И сами си го подигаат надгробниот споменик, На него ја запишуваат дури и годината на својата смрт. Којзнае, можеби кај нив сè е толку едноставно, па можат да го видат и она што не се гледа. Мене не ме обдарил Господ со такви способности: да можам сè да предвидам. И тоа што ќе се случи и тоа што ќе се заобиколи.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Значи, мракот е само кај луѓево, до кај што држат буките. Над врвот од буките е сè запалено, илјадници кандила од илјадници души си светат. Си намигнуваат.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Секому се дало живот, вели, ама секој не знае што да прави со него.”
Петре М. Андреевски, Последните селани
“Пред тоа младите тргнаа по разни училишта. Со торбиња сув леб, со веленциња преку рамо тргнаа да се запишуваат по училишта. Најмногу одеа за даскали. Оти светот беше слеп, требаше да прогледа, да си го види патот што го тепа. И одеа за бравари, за молери и за палири. Оти претстоеше големата изградба на бескласно општество, големата преобразба на светот. Не беше така?
- Беше и така, беше и инаку.”
Петре М. Андреевски, Скакулци
“- Немој, бре Дуко, му велам, што ќе изгубиш ако не се презиваш Вендија. Нивите, парите, што, му велам.
- Не сакам да се правам магаре, вели Дуко Вендија...”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“... и јас ќе одам да прашам, што ќе стане со Македонија, велам, Македонија е долга и широка, ми вели полковиот, и за Македонија одговор сега нема, одговорот е во вас, сичките нас, благодарам му велам, коњите се тепаат, а магарето го јаде ќотекот...”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Но ветените утра многупати можат да задоцнат и по цели години.”
Петре М. Андреевски, Последните селани
“Ние, за умен човек имаме само еден збор, велам, којзнае зошто, ама за умен човек немаме повеќе зборови. Сигурно дека умните луѓе се малку, велам, па малку се и зборовите за нив. За лош човек имаме многу зборови, велам, колку што има лоши луѓе, толку и лоши зборови.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Патем, којзнае дали живееме онака како што мислиме? Кој ќе ти каже, со сигурност, дека сме живи? Можеби сè е некое самозалажување! Зашто, ако не го видиш некого подолго време, излегува дека никогаш не си го видел. А штом се забораваат луѓето, како можеш да докажеш дека некогаш сте се познавале.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Јел се буни народ? Кој народ да се буни, велам јас, ова е стадо без пастир, кај ќе го потераш, таму ќе оди. Кај ќе го врзиш, таму ќе остане, велам, им кажувам.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Во која вера да верувам, во која да не верувам. Кај што верата е една, луѓето се различни. Или луѓето се исти, а верата им е различна. Ништо за сигурно. Не верувај им на оние што те фалат. Никој не те фали ако не му требаш. Дури ни пријателот.”
Петре М. Андреевски, Скакулци
“Избрзаниот збор е како претечено млеко.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Мене господ ме остави, велам, а човекот бил амбар, сè можел да собере.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Некогаш не е толку болно што ќе ти речат, туку како ќе ти го речат.”
Петре М. Андреевски, Последните селани

All Quotes | Add A Quote
Тунел Тунел
167 ratings
Пиреј Пиреј
762 ratings