ŷ helps you follow your favorite authors. Be the first to learn about new releases!
Start by following Петре М. Андреевски.
Showing 1-30 of 159
“Кога ја љубев Дениција,
како да калемев светлина на мракот,
како да топев снегови фатени во движење,
како да станував единствен сведок
за бакнежот меѓу металот и громот.”
―
како да калемев светлина на мракот,
како да топев снегови фатени во движење,
како да станував единствен сведок
за бакнежот меѓу металот и громот.”
―
“Надежта и питачот го прави богат.”
― Небеска Тимјановна
― Небеска Тимјановна
“На убавиот човек само убавото му се гледа.”
― Небеска Тимјановна
― Небеска Тимјановна
“Племето наше е пиреј, вели Лазор Ночески, и не го ништи ниедна војска и ниедна болест. Пиреј е троскотна трева, вели, а некои ја викаат и коштрева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, вели, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата, вели, и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева, вели.”
― Пиреј
― Пиреј
“Не знам кој направил, но беше било така направено: секој да си одбере една страна во животот. Всушност, таа страна друг ни ја одбира, но сите ја засакуваме како сопствен избор. И едни стојат на едната страна, а другите - на другата. И не знаеш кој стои на погрешната страна. А не знаеш, зашто сите мислат дека се на вистинската. И се гледаат така, сите од својата страна се гледаат. И се мразат и со омразата што ја имаат и кон себеси. Така и се презираат, така и си завидуваат или само се клеветат. А можеби се љубат?”
― Тунел
― Тунел
“Ете што е животот, рече Дуко Вендија, ништо не е. Пиши - бриши. Ќе пишуваш, пишуваш, рече, а смртта наеднаш сè ќе ти избрише.
Еден завршен разговор, рече Роден Мегленоски, животот е еден завршен разговор.”
― Пиреј
Еден завршен разговор, рече Роден Мегленоски, животот е еден завршен разговор.”
― Пиреј
“Облеката е измислена за да ти ги покрива недостатоците. А зборот да ти го покажува и тоа што не се гледа.”
― Тунел
― Тунел
“Дури бев млад, вели, мислев дека секогаш ќе има време за она што го немам. Ама времето било лажовно, вели, курва било времето. Сè на превара ми зеде, вели, и сега назад не можам, а за напред уште понеможам. Не ми отвора пат за напред.”
― Пиреј
― Пиреј
“Нели си родено женско - колнато си. Уште мајка ми велеше: „ког� се раѓа женско и стреите плачат.� Јас тогаш не знаев оти така ми вели така мајка, ама сега знам...”
― Пиреј
― Пиреј
“Сè почнува од некоја недвосмислена потреба да се биде нешто и да се биде со некого. Но, таа потреба, полека, речиси неосетливо полека, ќе почне да се претвора во навика. И од таа навика не можеш да се откажеш. Отпрвин не ја гледаш опасноста, иако постојано пропаѓаш во неа. Ќе ја видиш откако ќе пропаднеш. И откако ќе сфатиш дека нема кој да ти помогне. Но, пред тоа, немаш поважни задачи, ни попривлечни задоволства.”
― Тунел
― Тунел
“Се знае дека со насмевка можеш најлесно да му се доближиш некому. Насмевката ја брише секоја далечина меѓу луѓето.”
― Последните селани
― Последните селани
“Многу би сакала да знам како се распаѓа таа љубов претворајќи се во омраза. Како може да се обесмисли и да стане толку одбивна? Дури и во добронамерна насмевка да се бара причина за најниски навреди?”
― Тунел
― Тунел
“... ама човек не треба во ништо да верува и најубаво му е на оној во ништо што не верува, во ништо што не се надева, барем него ништо не може да го изненади...”
― Пиреј
― Пиреј
“И рече: „дојд� време да се убива брат со брата и никој да не гледа ни пријател, ни роднина. Ебати животот, рече, кога мораш ваков народ да имаш што не те гледа за ништо.”
― Пиреј
― Пиреј
“А тој само си ја спомнува раната. Големата рана што не се гледа. Само големите рани не се гледаат и не се догледуваат. Си знам јас по мене. Не се догледуваат оти се во душата, а душата е секаде до кај што ти стасува умот.”
― Пиреј
― Пиреј
“А тој цело време се обидува да викне: Јас уште сум жив, луѓе, јас уште сум жив! Но зборовите му се толку безгласни што и самиот не може да си ги чуе. Не може да се изначуди како може да го поднесе сето што го гледа, а ниеден збор да не му преоѓа преку устата.”
― Последните селани
― Последните селани
“Многупати коњите излегуваат поумни од луѓето.”
― Последните селани
― Последните селани
“...ама од Македонија еден излегол, а цел свет дошол на тепање, што не се тепаат кај нив, ама на туѓо гумно и на туѓ газ не боли толку многу...”
― Пиреј
― Пиреј
“Можеби не е премногу убав, но има нешто важно и во таа убавина. Можеби нешто многу важно што ниедна жена не ја остава рамнодушна. Дали е тоа насмевката што му ги открива грижливо негуваните заби или, пак, спокојството во неговите зборови, не знам... А, можеби, сета негова привлечност е токму во тоа важно што не можеш да го откриеш.”
― Тунел
― Тунел
“Сега се гледа дека човек не се смее само кога се радува. Или само кога нешто му е смешно. И се смееш и кога многу ти е тешко. Се смееш кога гледаш дека сѐ ти е одземено и кога ништо не ти е дозволено. Се смееш кога не знаеш ни што да правиш, ни што треба да направиш. Можеби смеејќи ѝ се на твојата несреќа го надраснуваш нејзиното дејство. Тукуречи, ја омаловажуваш.”
― Бежанци
― Бежанци
“Знам дека ова не ми се случува само на мене. И не му се случува само нему. Којзнае колку потешки судбини се случуваат по светот. И тоа токму тогаш и токму во тоа време. Но, тоа не може да ми донесе некое олеснување. Како што и надежта за некаков задгробен живот на малкумина може да им биде утеха. Барем така сум прочитала. Значи ниедна туѓа несреќа не може да ја ублажи мојата. Една лична несреќа не се заменува со друга лична несреќа. Па, колку и да е туѓа. Како што и туѓата болка не може да биде лек за мојата. Тоа е само едно верижно продолжение. Но, ние веруваме дека надвор од нас ништо слично не се случува. И дека само ние сме осудени на таа казна. И, можеби, затоа веруваме дека нашите солзи се најтешки и најсолени. Тоа уште повеќе нè прави неутешни. Како сиот свет да нè заборавил. И како и Господ да не сака да се сети на нас.”
― Тунел
― Тунел
“Не знам како е поарно да се умре: Намерно, како јунак, или ненамерно, како згазена бубачка.”
― Пиреј
― Пиреј
“Да беше толку убав животот, не ќе започнуваше со плачење.”
―
―