ŷ

калина > калина's Quotes

Showing 1-11 of 11
sort by

  • #1
    Венко Андоновски
    “Секогаш се кажува премногу кога разумот, тој џелат на срцето ќе заспие и ќе го пушти срцето на слобода.”
    Venko Andonovski, Вештица

  • #2
    Венко Андоновски
    “Никој ли до сега, од почетокот на светот не виде дека ѓаволот е во сите нас, подеднакво колку што е и Бог, и дека така треба да биде? Никој ли не виде дека најубавото дрво ќе биде прво пресечено,дека бунарот чија вода е најстудена прв ќе биде исушен,дека оној кој некому дал милостина ќе биде погубен токму од раката на својот спасен питач,дека во секој мед има осила,дека зад мекото месо на сочните плодови се крие тврда семка,дека луѓето , кога закопуваат славен мртовец, го украсуваат мртовечкиот покров само од видливата страна, а никогаш од кај мртвиот кој го слават,и дека навистина добро е така и дека така треба да биде, а не поинаку?.........оти што би правел Бог, што би правеле неговите луѓе, кога би го немало ѓаволот? Како би бил тој видлив, ако нема ѓавол? како би знаеле дека Бог е добар, ако нема зло за споредба? Оти Бог е светлина, а нечестивиот темнина, а темнината не е воопшто лоша и непотребна, туку нужна, и колку е ноќта поцрна, толку посјајни се ѕвездите, колку е болката подлабока, се повидлив е Бог!”
    Venko Andonovski, Вештица

  • #3
    Венко Андоновски
    “Пламенот кога се дели, се умножува како и љубовта, мил мој; оган е љубовта, оти колку повеќе го даваш, толку повеќе го имаш.”
    Venko Andonovski, Вештица

  • #4
    Венко Андоновски
    “Лагата е доблест ако спасува живот.”
    Venko Andonovski, Вештица

  • #5
    Венко Андоновски
    “Со ист здив умираат љубовниците. Со ист здив умираат оние што макар еднаш, во еден миг се љубеле”
    Venko Andonovski, Вештица

  • #6
    Венко Андоновски
    “Страста постои за да биде задоволена; во спротивно би била смирение, а не страст. Настрана што ниедна страст не може да се задоволи целосно. Копнееш по нешто, на пример по вода. Несреќен си и неисполнет додека копнееш, така барем мислиш и мислиш дека среќата ќе дојде кога ќе ја задоволиш својата жед. И еве, конечно, доаѓа првата голтка. Среќен си. Но само со првата голтка. Веќе со втората ти си по малку среќен, и со секоја наредна стануваш се понесреќен, оти класденецот е тука, ама копнежт бледнее и го снемува. Каков привид: беше несреќен додека растеше копнежот а сега си несреќен затоа што то ј се смалува! Ако е така, среќата е само миг: мигот кога го добиваш она по што си копнеел, првата капка. Во неа се`, вечноста.”
    Venko Andonovski, Вештица

  • #7
    Венко Андоновски
    “Немаше никогаш да си простам ако те напуштев, ако се удавев, будалче мое, ќе умрев пред да се удавам, ќе умрев од скрб да не останеш сам, јас ќе умрев за тебе пред да умрам за мене.”
    Venko Andonovski, Вештица

  • #8
    Венко Андоновски
    “Љубовта не е милостина. Кога даваш милостина, се откажуваш од златник; кога даваш љубов се откажуваш од себе. И раката која го прима златникот, брза да го потроши; раката која го прима подареното срце брза да го сочува.”
    Venko Andonovski, Вештица

  • #9
    Венко Андоновски
    “Од гледна точка на дрвото, сечењето дрво е злостор. Од гледна точка на хартијата, сечењето дрво е - создавање.”
    Venko Andonovski, Вештица

  • #10
    Венко Андоновски
    “за предавство потребен е страв, за одмазда љубов, за умирање живот, а за копнеење - отсуство поприсутно од присуството треба да се има. Се копнее по нешто што нетука е, а секој миг пред очите ти е; нетука а тука - тоа ти бил копнежот.”
    Venko Andonovski, Вештица

  • #11
    Венко Андоновски
    “Љубов постои. Не секаде, не секогаш, но постои. Тоа е најважниот личен вселенски настан: како пронаоѓање на опашеста ѕвезда, твоја опашеста ѕвезда која никој друг не ја гледа.”
    Venko Andonovski, Вештица
    tags: love



Rss